Белата лавица Бела е новата жителка на Скопје ЗОО

од Ивана Рамаданова
370 прегледи

Од Ходенхаген, Германија пристигна лавицата Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови. За неколку дена, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби. Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.

„За првпат во Скопје, но и нашата држава ќе има бели лавови. Планираме да донесеме и бели тигри, како и други бели животни кои се доста ретки. Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на Скопје ЗОО“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Слични содржини