Хороскопот често ги потенцира добрите карактеристики на секој од знаците, фрлајќи ги во сенка оние малку понезгодните.
Но, признавале или не, секој од знаците има по некоја незгодна, сурова, па дури и злобна особина.
Еве како тоа се манифестира кај сите 12 знаци:
Овен
Сурови раскинувања. Кога раскинуваат, не оставаат простор на другата страна да се одбрани или објасни, што е целосно спротивно на третманот кој го бараат кога нив им раскинуваат.
Бик
Биковите тешко го контролираат своето либидо и страста, па може да се случи да бидат неверни и да не им дојде паметот никако. Тие сметаат дека се во право и не чувствуваат вина за тоа.
Близнаци
Тие умеат да мачкаат очи и да ја изиграат сечија доверба, а на своите ветувања ретко остануваат доследни. Ако решат дека им е доста од вас, тоа го прават на најсуров и најболен начин.
Рак
Тие не знаат да простуваат, а уште помалку да заборават. Можете да барате прошка за ситни нешта, но за големите грешки, подобро бегајте, отколку цел живот да ја чувствувате нивната осуда.
Лав
Импулсивната злоба е тоа што ги прави всушност најзлобни меѓу сите знаци. Често претеруваат и без размислување можат да ве навредат во лице и потоа да ве предупредат дека само ја зборуваат вистината.
Девица
Дрски се и постојано имате впечаток дека се полни со омраза. Спремни се да ве обвинат за што и да треба, само да се чувствувате лошо и безвредно. Не сакаат омраза, а самите се нејзино олицетворение.
Вага
Постојано имаат подготвено некоја лага, па дури и кога нема реална потреба некого да излажат. Тие веќе се навикнати да лажат и измислуваат и не ни гледаат на тоа како на некаков проблем.
Скорпија
Многу сакаат да заповедаат, да наредуваат, да имаат контрола врз постапките на луѓето околу нив. Тие се уверени дека секогаш се во прави и дека сите треба да се покорат на нивните навики.
Стрелец
Емотивно најладниот хороскопски знак кој ако еднаш ве исфрли од животот, може да се каже дека пат за назад нема. Лесно се ослободува од луѓето кои ги чувствува како вишок во својот живот.
Јарец
Тие се сурови и остри на јазик, а ако се скарате со нив, веројатно е дека ќе сакаат нивниот збор да е последен. Тие ги користат зборовите како оружје, па навредите се неизоставни во овој случај.
Водолија
Водолијата постојано има патолошка потреба некого да излаже и измами, да си поигра со нечии емоции и тоа да го прави без ронка грижа на совеста. Сурово и многу егоистички од нивна страна.
Риби
Колку и да се чувствителни, тие се и самобендисани и нарцисоидни и немаат трпение за да ги слушаат туѓите жалења и проблеми. Но, спремни се да се тепаат за тие да бидат слушнати.