Во Сараево прогласена „узбуна“ заради загадувањето на воздухот

од Ивана Рамаданова
322 прегледи

Заради исклучително влошените вредности на квалитетот на воздухот, Владата на кантонот Сараево  прогласи степен на предупредување „узбуна“ и издаде важни упатства за граѓаните во врска со престојот на отворено, физичките активности, носењето заштитни маски и користењето на моторните возила, односно градскиот превоз.

Од овие причини денеска многу жители на Сараево одлучија да останат во своите домови, за што сведочат празните улици, пренесе порталот Кликс.ба.

Само малкумина утринава излегоа надвор, додека на лицата носеа заштитни маски или шалови.

Ситуацијата со загадениот воздух во Сараево утринава, сепак, беше малку подобра отколку синоќа, иако воздухот и натаму е многу штетен.

Според мерењата во 10 часот, индекстот на квалитет на воздухот на Скендерија изнесуваше 420, а индексот над 50 се смета за штетен.

Слични содржини