Страшевски: Нема раздвојување на судењето за ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски

од Ивана Рамаданова
435 прегледи

Нема раздвојување на судењето за ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски во предметот ТНТ поради здравствената состојба, соопшти неговиот адвокат Страшевски по денешното одложено рочиште.

„Тони Трајковски денеска дојде сам во судница без придружба на полицијата и со него донесе медицинска документација дека има забрана од лекар да присуствува на рочишта. Докторите препорачуваат мирување од 15 дена“, изјави Страшевски.

Обвинителот Бурим Рустеми на денешното рочиште побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски меѓутоа неговиот адвокат Страшевски не се  согласи со овој предлог, велејќи дека за 10-тина дена ќе биде во подобра состојба.

Рочиштата закажани за утре и задутре нема да се одржат туку судењето треба да продолжи во понеделник, на 20 јануари.

Во предметот ТНТ обвинети се вкупно седум седум. Меѓу нив, покрај Трајковски се и поранешниот министер Миле Јанакиески, избеганиот експремиер Никола Груевски и уште четири лица кои во 2011 учествувале во процесот на уривање на комплексот „Космос“.

И.Р.

Слични содржини