Убеден сум дека нашите средби и комуникација ќе добијат на интензитет, влегуваме во важен период во кој влегуваме во сериозни чекори за членство во Европската Унија, рече премиерот Оливер Сапсовски по средбата со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
„Со право очекуваме остварување на оваа наша цел, по 15 години во чекалната со статус држава кандидат, да отпочнеме преговори. Минатата година беше посочено инто и безусловно отпочнување на преговори. Ја очекуваме најавата од минатата година. Очекуваме стратешката грешка да биде исправена многу бргу. Благодарни сме за изјавите на Вархеји и Фон дер Лаен дека треба да почнат брзо преговорите“, истакна Спасовски.
Техничкиот премиер потенцираше дека Европската комисија отсекогаш била и останала прв, искрен и чесен сојузник во апсирациите за пристапување кон ЕУ, па затоа очекува да продолжи и понатаму. Тој додаде дека земјата е влезена со уште поголема мотивација за спроведување на реформите.
„Еврокомесарот Вархеји најави дека до крајот на овој месец ќе излезат со документ за проширувањето. С. Македонија е заинтересирана што побргу да отпочне со преговори. Наш интерес е да се избегнат нови несогласувања и да се постигне консензус час поскоро. Преговорите да бидат одвоени, но комплементарни процеси. Државата е во значаен период, кога се очекува непречено функц на сите иснтитуции. Ова е време кога треба да се орг фер и демократски избори, да се заокржуи членството во НАТО“, истакна Спасовски.
Премиерот нагласи дека се надевам дека сите фактори во земјава ќе бидат на висината на задачата и дека понатаму ќе работат подинамично и поактивно на преговорите и на достигнување крајната цел земјата да биде членка на ЕУ.
А.Т.
Фото: Борче Поповски