ФОТО: Ни требаат 200 евра за донации – Како изнудувале пари од името на Џамбазов

од Aleksandar Todeski
726 прегледи

„На лоши маки сум. Собираме донации за едно момче“. Вака преку лажниот профил на Фејсбук со името на актерот Игор Џамбазов барале пари од граѓаните. Читателот на Локално кој ги испрати фотографиите разговарал со наводниот Џамбазов на 22 декември, но до средба за да ги даде парите не дошло.

Преку фејсбук профилот на Џамбазов се почнувал разговорот на ист начин, со „Како си царе“, а потоа следувал и останатиот дел од разговорот, каде се бараат пари.

„Треба утре да замине на контрола, да кажат докторите за што точно се работи, но потребни му се 200 евра за контрола“, пишува лажниот Игор Џамбазов.

Слични конверзации со суми на пари за донации биле испратени и кај други луѓе. Овој случај не е прв, во име на шоуменот да се бараат пари за донации. Истото се случуваше и во 2017 година, а од крајот на минатата година, преку лажен профил со неговото име повторно се почнало со барање на пари. Овој профил со името на Џамбазов е креиран во 2013 година.

А.Т.

 

Слични содржини