308
Престрелка помеѓу полицијата и едно лице се случила рано утринава во Тетово, откако припадниците на МВР го фатиле во обид да запали полициско возило, потврди на прес конференција дополнителната заменик министерка во МВР, Славјанка Петровска.
Лицето во обид да избега применило огнено оружје, на што вратила и полицијата.
„Рано утринава се случил обид да се запали полициски автомобил. Имало примена на огнено оружје во обид да избега, деталите ги очекуваме од истрагата која е во тек“, рече Петровска одговарајќи на новинарско прашање во врска со настанот.