Светот преплавен со мурали на Коби Брајант

од Aleksandar Petrovski
217 прегледи
Секојдневно се зголемува бројот на мурали во чест на трагично загинатиот Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана. Осамнуваат на многу локации во САД, но и на останатите континенти, особено во Азија.
Веста за трагедијата во Калифорнија во недела ја шокира планетата. Во неверување, луѓето останаа без зборови и не сакаа да поверуваат во тажната информација што со брзина на светлината се прошири насекаде.
Неколку часа по несреќата, Арт „Артун“ Гозукчикјан, уличен уметник од Лоса Анџелес почна да слика на ѕид на булеварот Вентура во градот и преку ноќ беше готов првиот мурал во чест на ѕвездата на лејкерси.
„Како уметник, мислам дека има обврска да документирам она што се случило“, рече Гозукчикјан на чие дело се гледа како Брајант го гризе дресот на Л.А Лејкерс додека неговата ќерка се смее во позадина.
Тоа беше повод за уличните уметници да земат спрејови во рака низ целиот град. Џулс Мак, за неколку часа, на ѕидот на маркетот Пикфорд го наслика Брајант како позира со Џиана со натпис „Коби и Џиџи засекогаш. Татино девојче“.

Слични содржини