Британскиот сајт и весник Дејли мејл објави статија во која се осврнува на тоа дека голем број британски и светски инфлуенсери ја злоупотребуваат ситуацијата со коронавирусот за поголема видливост (reach) на социјалните мрежи.
Инфлуенсерите ја користат ситуацијата, речиси на изопачен начин, означувајќи ги фотографиите со хаштаг #coronavirus, иако содржината воопшто нема никаква поврзаност со тоа. Дневно на овој хаштаг се објавуваат илјадници содржини, а само на Инстаграм има барем 200.000 фотки кои немаат врска со епидемијата.
Јавноста е запрепастнеа од ова бизарно занемарување на фактот дека голем број луѓе веќе починале од коронавирус, илјадници чувствуваат потешки и полесни симптоми, а некој сето тоа го смета за соодветен начин за собирање лајкови.