Во Вухан изградена болница за 1.000 пациенти заразени од коронавирус

од Ивана Рамаданова
230 прегледи

Властите во кинескиот град Вухан изградија болница со илјада легла за третман на пациенти заразени од коронавирус.

epa08175301 Workers labor at the construction site of the 1,000-bed Huoshenshan temporary hospital for 2019-nCoV (coronavirus) patients in Wuhan, central China’s Hubei province in China, 28 January 2020 (Issued on 29 January 2020). The hospital is scheduled to be completed in 10 days, to be manned by doctors and nurses coming from around China. According to media reports, Chinese authorities have urged people to stop travelling in and out of Wuhan, the city at the center of the new virus outbreak that has so far killed at least 106 people and infected over four thousand others around the globe, mostly in China. EPA-EFE/SHI YI CHINA OUT

Градоначалникот на Вухан, Џоу Сијанванг утрово ја предаде на војската новата болница Хушеншан, чии што 1.400 здравствени работници ќе почнат со работа од утре, пренесува Си-Ен-Ен.

Според кинеските медиуми, болницата е монтажна и може да се изгради за шест дена.

Исто така, се гради уште една болница – Леишеншен, која ќе биде отворена на 5 февруари, така што двете заедно ќе имаат 2.600 кревети.

Во Кина не е првпат да се градат болници за краток временски период. Во 2003 година, за време на епидемијата САРС, беше изградена болница за шест дена

Слични содржини