Министерство за правда: Ако ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува, нека подготви амандмани за предлог-законот за ЈО

од Aleksandar Todeski
301 прегледи

Законот е сè уште на маса и доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, тогаш нека подготви амандмани на овој текст – се останато е алиби за недонесување на Законот, велат од Министерството за правда во врска со денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за законот.

„Законот за Јавно обвинителство се изготвуваше долг временски период во Министерството за правда, од работна група во која што учествуваа домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и дури странски јавни обвинители, кои што даваат сугестии и мислења за одредени пршања поврзани со законот. Законот е сè уште на маса и доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, тогаш нека подготви амандмани на овој текст – се останато е алиби за недонесување на законот“, истакнуваат од Министерството за правда.

Инаку, како што потврди за Локално министерката за правда Рената Дескоска, билатералните средби за Законот за Јавно обвинителство продолжуваат и денеска, а со цел да се дојде до дво-третинско мнозинство и пред распуштање на Собранието на 12 февруари, овој Закон да биде донесен од страна на пратениците.

А.Т.

Слични содржини