Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ достави иницијатива за распуштање на Собранието на 12 април, по вчерашната најава на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дека тие нема да дозволат изборите да се одложат.

„Ќе ја доставиме иницијативата Собранието да се распушти на 12 април. Тоа следува по изјавите на Зоран Заев дека ако не се усвои Законот за Јавно обвинителство, распуштањето на Собранието би можело да се одложи. ВМРО-ДПМНЕ не го избегнува донесувањето на законот за Јавно обвинителство, но Зоран Заев сака да избегне одговорност пред законот. Ги повикуваме и другите партии да ја поддржат нашата иницијатива“, рече координаторот на пратеничката група на опозициската партија, Никола Мицевски.
Тој го повтори партискиот став дека експертската јавност и ВМРО-ДПМНЕ имаат бројни забелешки за закнот, кој е едностран и во споротивност со експертските мислења, Уставот и кривичната материја.