Сашо Јанакиевски повеќе не е почесен конзул на Унгарија во Битола

од Aleksandar Todeski
726 прегледи

Сопственикот на фирмата „Еко клуб“ од Битола, Сашо Јанакиевски повеќе не е почесен Конзул на Унгарија во Битола. Ова било одлучено од страна на унгарското МНР откако во јавноста излезе информацијата дека фирмата на Јанакиевски несоодветно го третира медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“.

Унгарското МНР вчера испратило нота до македонското МНР без поголемо образложение, туку само известуваат дека го отповикуваат конзулот во Битола и дека отповикувањето стапува на сила веднаш. Инаку, како што вчера пишуваше „Локално“, Јанакиевски беше почесен конзул од 2012 година, кога и се интензивирале соработките на „Еко клуб“ со тогашната влада.

Инаку, медицинскиот отпад, за кој градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов објави фотографии, а Обвинителството отпочна истрага, Јанакиески го носел на „Дрисла“, без притоа да го обработи и уништи, а тоа му го овозможувал ексдиректорот на „Дрисла“, Горан Ангелов, кој беше градоначалник на Виница во два мандати од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а кој исто така имаше желба да биде претседателски кандидат минатата година од редовите на опозициската партија.

А.Т.

 

 

Слични содржини