Јанакиевски си викнал сам инспекција откако го исчистил просторот и ги дезинфицирал машините?

од Aleksandar Todeski
686 прегледи

Третирањето на медицинскиот отпад на „Еко клуб“, фирмата на Сашо Јанакиевски кој е тесно поврзан со опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја отвори дилемата кој и зошто манипулира со јавноста за тоа чија е вината за неодговорното однесување кон здравјето на луѓето и кон животна средина. Случајот беше пријавен од Град Скопје, а откако градоначалникот Петре Шилегов ги објави видеото и фотографиите за тоа што се случува со медицинскиот отпад, односно дека фирмата на Јанакиевски не го обработува медицинскиот отпад.

Фото: Борче Поповски

Случајот со несоодветното третирање на отпадот е откриен касно вечерта на 10-ти декември. Два дена потоа инспекторатот излегува на терен за да направи записник дека се во ред со обработката на медицинскиот отпад. Потоа, кога во Град Скопје во вторникот, инспекторот- пријавувач објави фотографии и видео, инспекторите од министерството излегле уште еднаш на терен, повторно без да откријат ништо. Изворите на „Локално“ говорат дека утредента, на 11-ти декември, Јанакиевски го исчистил просторот, ги дезинфицирал машините, и затоа на 12-ти декември, инспекторите не ни можеле нешто да откријат, па останува отворено прашањето како на 12-ти декември се погодил инспекцискиот надзор.

Неофицијални информации до кои дојде „Локално“, откриваат дека самиот Јанакиевски ги повикал инспекторите, откако го средил просторот, со цел да обезбеди записник кој потоа ќе го користи како доказ против доказите на градскиот инспектор Мирослав Богдановски, кој го пријави случајот. Инспекторатот може одел во редовни контроли во фирмата, но до 17 часот, до кога е пријавено работното време на „Еко клуб“ не наоѓал ништо спорно. Но, Јанакиевски бил фатен во 23 часот, кога инспекторите не работат. Градскиот инспектор пак, по многу пријави на граѓани дека таму се работи и ноќно време, упаднал и имал што да види. Останува фактот дека ако Јанакиевски тоа го правел само ноќе, тогаш државните инспектори тешко дека можеле да го откријат.

Јавното обвинителство два месеца не даваше детали за случајот во јавност, а откако во јавноста излегоа информации дека надлежната обвинителка е избрана на позицијата со посредување на високи партиски членови од ВМРО ДПМНЕ, таа испратила наредби за постапување до други институции. Иако пријавено на 13-ти декември, обвинитеството фотографиите од инспекторот ги добило на 31 јануари, иако се работи за докази кои можеби се клучни за случајот. Интересен е и фактот што инспекторот сам ги поднел материјалите, откако обвинтиелката, која знаела дека истите постојат, не ги побарала. До овој момент пак, ниту Јанакиевски, ниту работниците кои биле фатени, не се повикани на распит.

Како „Еко клуб“ почна да доминира во бизнисот со отпад

„Еко клуб“ доминира на пазарот долги години, а најголемо развивање има во времето кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт. Стотици тендери се доделени на фирмата, а сумата е изразена во десетици милиони евра. Во компанијата, сопственост на Сашо Јанакиевски од неодамна влезе германски капитал. Фирмата, која за само шест години имаше добиено над 90 тендери со суми од десетици милиони евра. Неколку тендери фирмата има добиено и во овие две години, но бројките покажуваат дека се работи за далеку помали од она што биле во минатото, кога на власт беше избеганиот Никола Груевски, бизнис пријател на Јанакиевски.

Тој претходно ја изградил „империјата“ во бизнисот со отпад, па од тука на дел од јавните повици „Еко клуб“ може да се види и како единствен понудувач, затоа што само таа фирма може да ја понуди услугата. Се случувало и да се пријавуат и повеќе фирми, но само компанијата на Сашо Јанакиевски ги исполнувала условите од повикот и имала најниска цена.

Фирмата на Јанакиевски имала договор кој ги обврзува целосно да се уништува медицинскиот отпад и потоа како комунален да го транспортира на депонијата „Дрисла“, иако таму влегувале камионите на „Еко клуб“, кои носеле полуобработен, се уште заразен и опасен отпад, а за тоа несомнено морал да знае директорот на „Дрисла“, Горан Ангелов, кој беше градоначалник на Виница во два мандати од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а кој исто така имаше желба да биде претседателски кандидат минатата година од редовите на опозициската партија. Разработената шема за носење на неуништениот отпад продолжила и по 2016 година, бидејќи Ангелов остана директор на „Дрисла“, а Јанакиевски, сопственикот на „Еко клуб“ имал се уште важечки договр со депонијата.

Александар Тодески

 

Слични содржини