Од 116 пратеници присутни, со 114 гласа „за“, Собранието на денешната пленарна седница го ратификуваше Протоколот за влез на С. Македонија во НАТО.
На гласањето претходеа говори од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, претставници од парламентарните групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери. По гласањето, се обрати в.д. претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО, Атила Местерхази.
Пратениците го ратификуваа Протоколот со аплауз, по што следува свеченото подигање на знамето на НАТО пред Собранието.
Ратификацијата почнува да важи по објавување во Службениот весник, што пак ќе се случи откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот, како 29-та и последна земја-членка на НАТО, откако поради кризата во земјата, се одложи и нивното зелено светло за земјава.
Историскиот чин во Собранието доаѓа по децениските заложби за влез во Алијансата, а на членството претходи Преспанскиот Договор како последно барање за Македонија да ги оствари стратешките цели, членство во НАТО и Европската Унија.
Александар Тодески