Република Северна Македонија стана гарант и извозник на безбедност. Нашата заложба за НАТО се потврди и со учеството на Самитот на НАТО во Лондон, рече премиерот Оливер Спасовски пред пратениците.
„Не беше лесно. Историјата се пишува со правилни одлуки, со компромиси. Беа донесени чекори што ни ги вратија перспективите. Со договорите беше ставен крај на проблемите кои кренаа ѕид меѓу соседите. Со Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија дојдовме до членство во НАТО“, рече Спасовски.
Тој кажа дека иако имаме географска одредница, ги задржуваме јазикот и идентитетот, а ги решивме сите спорови. Вели, го урнавме ѕидот што не делеше и се заложивме дека ќе бидеме сојузници. Премиерот додаде дека Грција е прва земја која го ратификувала Протоколот за НАТО, како права пријателска земја.
А.Т.