290
Во емисијата „Клик Плус“, лидерот на БЕСА, Биљал Касами изјави дека поради несериозноста на Алијанса за Албанците, одлучил да не коалицира и на избори да настапи сам.
Иако ја одби тројната коалиција, Касами открива дека е отворен да коалицира со СДСМ.
„Ќе дојде моментот, ако има добра понуда, ќе ја разгледаме во органските партии и ќе одлучиме согласно понудата. Ако има некоја понуда која се совпаѓа со платформата и програмата на Движењето Беса, и ако е прифатлива за органите на Беса.
На прашањето дали тоа важи за СДСМ, ако има понуда, Касами вели дека „не е понуда поделба на позициите на пратеничките листи“.