Калеска-Ванчева: Бараат распишување на изборите за да не се донесе Законот за ЈО

од Aleksandar Todeski
289 прегледи

Пратеничката од владејачката СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева на прес конференција побара сите пратеници да го поддржат Законот за Јавно обвинителство кој е важен за европската интеграција на земјата.

„Законот за Јавно обвинителство гарантира дека нема скриена амнестија и дека секој ќе одговара. Очигледно тоа им пречи на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, па затоа прават се ова законско решение да не се донесе, па затоа и брзаат со распуштање на Собранието. Тоа е уште еден очаен обид да избегаат од правдата, но тоа нема да им успее. Ги повикувам сите пратеници да бидат на висина на одговорноста и Законот кој го поздравија САД и Европската Унија да биде донесен во Собранието“, рече Калеска-Ванчева.

Таа посочи дека владеењето на правото е основа на секое демократско општество и дека пратениците имаат обврска да го овозоможат тоа на граѓаните.

А.Т.

Слични содржини