За само една недела од сезонски грип во Грција починаа 15 лица, со што бројот на регистрирани смртни случаи во последните три месеци се искачи на 53 луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје се наведува дека починатите се на возраст од четири до 91 година, а 50 лица односно 94,3 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

Во периодот од 3 до 9 февруари 2020, починале 15 лица, а исто толку смртни случаи имаше и една недела претходно.

Според извештајот од Националната организација за јавно здравје, за една недела 24 лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019 година се искачи на 169 лица.

Слични содржини