Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на прес конференција побара сите законски решенија кои се битни за граѓаните, вклучувајќи го Законот за Јавно обвинителство да бидат донесени пред распуштање на Собранието.
„Никој не смее да се дрзне некој да ги опструира и блокира законите. Со тоа се опструира правдата и се враќа државата назад. Пред граѓаните ветивме правда и неселективна правда против криминалот. Денешната седница е можнсот да видиме кој навистина е за правда, акој за одбрана на криминалот. Република Северна Македонија продолжува со крупни чекори напред, нема да ја вратат назад структурите кои се за одбрана на режимот. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, правдата и државата“, рече Митрески.
Според пратеникот, целта на СДСМ е носење на законите пред распуштање на законите, пред крајниот рок за распуштање, односно 16 февруари.
„Наш приоритет е носење на овие закони кои се од интерес на граѓаните. Според тоа што го слушнавте од Груби и тоа што е соопштено, тие настојуваат законското решение да биде донесено пред распуштање, што значи нема раскинување на односите со ДУИ“, посочи Митрески.
Проблем во техничката влада, вели тој, има поради тоа што Мизрахи не го почитува Уставот, онака како што ја потпишала заклетвата во Собранието на Република Северна Македонија.
А.Т.