Македонија подогло време се наоѓа во криза во сите сфери на живеење. Македонија нема време за чекање да биде заложник на владата, рече координатроот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Пратеникот од опозицијата рече дека пред неколку часа, при гласањето на Законот за Јавното обвинителство, се случило погазување на демократијата и Собранието.
„Законот беше ставен за гласање и не го доби потребниот број на гласови, со што не беше донесен, а потоа незаконски беше ставено на повторно гласање. Поради ова, распуштање на Собранието и избори мора да има и ќе има. Денеска ќе ставиме крај на заложништвото на Македонија“, рече Мицевски.
Владата, пратеникот ја опиша како најкатастрофална и најкриминална до сега, посочувајќи дека државата видела што значи и како изгледа кога СДСМ е на власт.
„Ќе останат запаметени по промената на Уставот и покрај неуспешниот референдум, непочитување и девалвирање на институциите, класично кршење на Деловникот во Собранието, задушување на слободното новинарство, уцени и други примери за кои немам доволно време да ги набројам“, додаде тој.
А.Т.