Легендарниот Касиљас стави крај на кариерата

од Aleksandar Petrovski
223 прегледи

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас го објави крајот на својата фудбалска кариера. Ова го соопшти Жорже Нуно Пинто, претседател на португалскиот гигант Порто, чии бои Касиља ги брани од 2015 година.

Триесет и осум-годишниот голман доби срцев удар на тренинг на почетокот на мај минатата година и оттогаш не играл. Претходно оваа недела тој објави дека ќе се кандидира за претседател на Шпанската фудбалска федерација, а изборите се на есен.

Во неговата славна кариера, во која 16 сезони помина во неговиот матичен клуб Реал Мадрид, Касиљас освои пет титули во Шпанија и два национални купа, три пати го крена трофејот во Лигата на шампионите и три пати стана Светски клупски шампион.

Со Порто тој стана шампион на Португалија во сезоната 2017/2018. Голманот одигра 167 натпревари за репрезентацијата на Шпанија, со која стана светски шампион и има две европски титули.

Слични содржини