Српскиот пулмолог доктор Бранимир Несторовиќ за РТС истакна дека заштитните маски немаат голема заштитна вредност.
-Кога сте болни треба да носите заштитна маска за да не инфицирате други луѓе- тоа е поентата на маските истакнува Несторовиќ.
-Необичноста на овој вирус е дека мажите се почуствителни заради тестотеронот на делување на вирусот, постарите мажи кои имаат тешки облици на болести, вели докторот.
Се поставува прашањето што би било да нема тест за коронавирус, би биле пациенти кои имаат грип, луѓе кои кашлаат, би имале запаление на белите дробови, исто како кај грипот, никој не би забележал да нема тест. Приказната за коронавирусот е максимално пренадувана, вели Несторовиќ.
Психолошкиот ефект на заштитната маска
Заштитната маска нема голема заштитна вредност, вели Несторовиќ и додава дека тие вредат ако добро се прилепени на лицето.
-Оние кои имаат брада џабе носат маски, мора да се избричат, вели Несторовиќ.
-Поентата на маската е да ги заштити другите луѓе од вас, а не вас од тие кои се инфицирани. Сега луѓето бараат маски, но ги имате оние американските M-95 и M-99 кои ги филтрираат 99 отсто од честичките. Маските имаат психолошки ефект затоа што луѓето мислат кога ќе стават маска се заштитени, а психата добро го стимулира имунитетот, додава Несторовиќ.