Страшна сообраќајка во Загреб: Со Ауди ја покоси трамвајската станица (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
202 прегледи

Во ноќта недела кон понеделник во Загреб се случила страшна сообраќајна несреќа. Во утринските часови возач на Ауди удрил во трамвајска станица во близина на главната пошта.
Како што јавија од полицијата, 31-годишниот возач управувал со личен автомобил марка Ауди А6 со загрепски регистарски таблици, а се движел од улицата кнез Бранимир во насока кон запад.

Безбедносните камери ја снимиле целата сообраќајка која почнала да кружи на социјалните мрежи.

Во сообраќајката тешко е повреден 31-годишникот кому му е дадена лекарска помош во Клиниката за трауматологија.

 

Слични содржини