(ВИДЕО) Мицкоски: СДСМ молеа бога да се појави коронавирусот за да не може ВМРО-ДПМНЕ со народот да протестира

од Aleksandar Todeski
346 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали со оглед на новонастанатата ситуација со вирусот Ковид-19 ќе излегуваат на протести, обвини дека власта е среќна што има коронавирус за да не може опозицијата да излезе на улица.

„Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот за да ВМРО-ДПМНЕ не го мобилизира народот во оваа држава. Они молеа бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ не изгледува со народот и да протестира против едно лицемерие кое што денеска е секојдневие во Македонија за жал. Чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период благовремено ќе ги презентираме пред јавноста“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека внимателно ќе известуваат за следните работи што ќе ги прави партијата за да не се создадат причини од страна на СДСМ да можеле да го злоупотребат.

Слични содржини