Во Италија досега се потврдени 470 случаи на зараза од коронавирус, 12 лица починале, но има и добри вести.
Новите податоци на шефот на цивилната заштита Анџело Борели наведуваат дека три пациенти во целост оздравеле.
![]()
Станува збор за тројца пациенти кои се лекувани во Рим од почетокот на февруари – двајца кинески туристи и едно момче кое се вратило од Кина. Тоа биле првите случаи на коронавирус во Италија, пишува Индекс.хр.
-Тројцата пациенти кои беа позитивни на коронавирус се излекувани. Тоа е порака до Италијанците дека болеста е излечива, изјави Франческо Ваја, директор на италијанската болница за заразни болести во Рим.
Болницата во лечењето користела антивирусна експериментална терапија, прецизирал Ваја. Лекарите експериментирале со антивирусни агенси и лекови кои се користат против вирусот на ебола.