Овен
Не сте сигурни кому можете да му верувате оваа недела, па би било добро важните информации да ги задржите за себе. Поминете некое време сами и не оптеретувајте се со туѓите проблеми. На тој начин добро ќе размислите какви се вашите чувства кон партнерот и ќе ви биде се појасно. Доколку сте слободни, нема да имате потреба да влезете во нова врска.
Бик
Зголемена е потребата за патување, па доколку не во текот на неделата, тогаш за викендот одете на краток пат. Што се однесува на љубовта, бидете дирекни кон партнерот. Доколку сте слободни, ќе бидете склони кон флертување.
Близнаци
Доста се грижите за се што се случувало изминатиот период и да сте оптеретени со работата. Размислете како можете да ги одбегнете недоразбирањата со колегите. Доколку сте во врска, не запоставувајте ги пријателите поради љубовта. Доколку сте слободни, преку пријател или интернет ќе запознаете некоја интересна личност.
Рак
Позитивни сте и расположени оваа недела. Имате потреба за промена, но сега не е добро време за тоа. Подобро почекајте. Некоја помлада личност може да ви помогне на работа. Потрудете се да ги завршите работите кои долго време ги одложувате. Што се однесува до љубовта, можни се расправии со партнерот. Доколку не сте во врска, некоја личност која одамна ја знаете можеби сака нешто повеќе од пријателство.
Лав
Можни се повеќе трошоци оваа неделе, особено доколку одите на краток пат. Би било добро да штедите малку повеќе. Бидете одговорни и вредни за да имате успех. Оваа недела не е пропорачливо да купувате технички работи. Првата половина од неделата ќе бидета малку напнати, но нервозата ќе се намали. Доколку сте во врска, посветете повеќе внимание на партнерот.
Девица
Работите никако да тргнат онака како што сте планирале. Се што правите мора детално да го проверите. Комуникацијата со другите не е баш идеална и оваа недела би требало да правите компромиси. Можни се несогласувања со партнерот. Доколку сте слободни, може да добиете повик од личност која ја знаете веќе подолго време.
Вага
Премногу обврски кои ќе ви направат стрес оваа недела. Потребно е да имате план од кој нема да отстапувате. Малку сте расеани, а другите не ви се од помош. Обидете се да се фокусирате на работата. Што се однесува на љубовта, партнерот може да се чувствува малку запоставено. Доколку сте слободни, некоја личност со која работите може да покаже симпатии кон вас.
Скорпија
Оваа недела вашата работа нема да ве интересира повеќе, туку само љубовта. Имате потреба да се фокусирате на приватниот живот, бидејќи го запоставувате веќе подолго бреме. Не нервирајте се околу саканата личност, бидејќи расправиите сега се вообичаени. Најдобро би било да не водите никакви сериозни разговори бидејќи исходот нема да биде добар. Доколку сте слободни, личност од минатото се враќа во вашиот живот.
Стрелец
Поминете повеќе време дома, иако не е се идеално. Искористете ја неделава да ги поправите односите со драгите луѓе. Осетливи сте на критики. Комуникацијата со партнерот треба да биде на минимум за да не дојде до проблеми, но ако сте слободни ова време не е добро за нова љубов.
Јарец
Не се чувствувате најдобро кога станува збор за работата. Тешко соработувате и ништо не ви оди брзо. Напротив, успорени сте и под стрес. Дајте се од себе да не касните со обврските. Слушајте ги другите и прашајте за совет. Оваа недела договорете се со партнерот за плановите и организирајте заедничко време за да не дојде до проблеми.
Водолија
Очекувате прилив на пари, дури и за некои работи кои одамна сте ги сработиле. Доколку не работите, сега е идеално време да се распрашате за нови прилики. Во врската собро се чувствувате и се е идеално.Најдете време за релаксација.
Риби
Контактите можат да ви донесат добри прилики за напредок. Се чувствувате одлично и позитивни сте. Сакате да влезете во нова врска. Бидете рални, кога станува збор за работата, и не земајте премногу обврски кои нема да можете да ги сработите. Побарајте помош.