Трамп продолжува со отпуштања поради скандалот со Украина

од Aleksandar Petrovski
174 прегледи

Претседателот на САД Доналд Трамп ја повлече номинацијата на Елен Мекаскер, потсекретар во министерството за одбрана, за директор за финансии и ревизија во Пентагон, соопштија некои американски медиуми.

Повлекувањето се должи на тоа што Мекаскер се сомневала во целта на задржувањето на воената помош за Украина. Задршката на оваа помош, која се случи лани летоска, отвори скандал кој резултираше во истрага за импичмент на претседателот Трамп, иницирана од демократите во Конгресот.

За отповикувањето на Мекаскер соопшти и Белата куќа.

Претходно, од функција беа разрешени уште неколкумина официјални лица кои даваа искази во текот на истрагата за импичмент. Џек Рид, истакнат демократ во Комитетот за вооружени сили при американскиот Сенат, ја осуди оваа одлука.

-Повлекувањета на нејзината номинација е странична штета предизвикана од претседателот, кој одмазднички ги отстранува професионалците од кариера во националната безбедност, учесници во истрагата за импичмент, од изјави Рид.

Откако Трамп беше ослободен од вина, тој побрза со отстранување високи официјални лица од својата Администрација кои имаа клучни сведочења штетни за него. Некои од нив се Гордон Сондленд, амбасадор на САД во ЕУ и полковникот Александар Виндман, член на Советот за национална безбебдност.

Слични содржини