204
Романската министерка за труд Виолета Александру препорача флексибилно работно време за родители кои немаат на кого да ги остават децата дома.
Таа мерка е по одлуката за затворање на училиштата во Романија од утре до 22 март.
– Препорачуваме флексибилно работно време за родители кои немаат кому да ги остават децата дома, напиша таа на Фејсбук. Таа дополни дека работното време на родителите треба да биде адаптирано кон родителите кои се грижат за мали деца.
Од утре до 22 март во Романија ќе бидат затворени сите училишта и градинки. Можно е мерката да биде продолжена.