Шеснаесетогишна девојка тестирана за коронавирус, се чекаат резултатите

од Aleksandar Todeski
167 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција посочи дека сите седум лица заболени со коронавирус се со лесна клиничка слика, додавајќи дека во моментов се чекаат резултати за шеснаесетгодишна девојка.

Фото: Борче Поповски

„Тројцата новозаболени се сместени на Клиниката за инфективни болести и таму има сместени седум лица со лесна клиничка слика. Првата пациентка е целосно стабилизирана. Денеска е испратен материјал, го чекаме одговорот од контролниот тест. Се тестира само една шеснаесетгодишна пациентка која има неспецифични знаци за горнореспираторна болест“, истакна Филипче.

Во моментов во изолација се стотина луѓе кои биле во контакт со заболената директорка на Кожно, Нина Цаца Билјановска. Дополнително има и 24 лица кои се под изолација, додека пак оние кои се изолирани поради контакт со првата пациентка ќе бидат денеска проверени, па ќе се одлучува дали тие ќе бидат тестирани. Полиција, како што кажа министерот, има само кај оние лица за кои епидемиолозите одлучиле дека треба да се чуваат со обезбедување.

 

Слични содржини