Експратеникот од СДСМ, Сафет Бишевац, кандидат на листите на ВМРО-ДПМНЕ

од Aleksandar Todeski
791 прегледи

Поранешниот пратеник од листите на СДСМ, Сафет Бишевац на овие избори ќе биде кандидат на листите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој застанува на десеттото место во првата Изборна единица и доаѓа како изненадување на листите на опозициската партија.

На листите ќе се најдат и Антонио Милошоски, како втор во петката, Ане Лашкоска, Жаклина Пешевска, Благица Ласовска, Дафина Стојановска и Јохан Тарчуловски, кадри од овој пратенички состав.

Места на листите добија и Тимчо Муцунски, Тони Јарески, Ружица Николовска, Рашела Мизрахи, Дарко Костовски и лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски.

Кандидатката за претседател на минатите избори, Гордана Силјановска Давковка ќе ја предводи листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата Изборна единица, ексминистерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски втората, а генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев ќе ја предводи листата во третата изборна единица. Четворката ќе биде предводена од потпретседателот на опозицијата, Александар Николовски, петката од оперскиот пејач кој беше на обвинителна клупа за крвавиот 27 април и доби ослободителна пресуда, Игор Друловски, додека пак во шестата изборна единица, носител на листата ќе биде пратеничката Дафина Стојаноска.

Слични содржини