Првиот случај на заболен од новиот коронавирус е потврден во Турција. Станува збор за човек кој се вратил од Европа, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа.
![]()
Тој не даде повеќе детали за пациентот ниту откри од која земја допатувал за да ја заштити неговата приватност.
Коџа рече дека пациентот е во изолација и дека членовите на неговото семејство и другите луѓе кои биле во контакт со него се во карантин.