Постојат многу причини зошто треба да ја користите хељдата во вашата исхрана, било како цела житарица, или пак измелена, како брашно.
Од брашното се подготвува каша која е идеална за обновување на крвните садови, поради состојката наречена рутин, која се користи и при производство на лекови за кардиоваскуларни заболувања. Одлична е и за луѓе со дијабетес, но и за оние кои страдаат од хемороиди и проширени вени.
Исто така, хељдата помага и при анемија која е предизвикана од недостаток на железо. Неизоставен дел е и од строгите диети во кои е потребно да се изгубат што повеќе килограми. Таа има и висока концентрација на фолна киселина, која е неопходна за идните мајки и за ембрионалниот развој на бебињата.
Хељдата игра важна улога во превенција од рак и често е дел од исхраната која им се препорачува на пациентите со малигни заболувања.
Познатата каша од хељда се подготвува на следниот начин:
Во солена вода, зовриена, додадете брашно од хељда. Матете со лажица додека не добиете смеса со густина по желба. Можете да ја јадете со сирење, јогурт, но и да додадете ореви, семки или масла, а дури може и да ја јадете во слатка варијанта, додавајќи мед и суво овошје.