Филипче: 12 лица се тестираат за коронавирус, осум се соседи на тројцата инфицирани од вирусот во Дебар

од Aleksandar Todeski
275 прегледи

Дванаесет пациенти со симптоми на грип во моментов се тестираат  дали се позитивни на коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција кажа дека се работи за осум лица од Дебар, двајца во Скопје и по еден во Штип и Прилеп.

Фото: Борче Поповски

„Во моментов се тестираат дванаесет лица, двајца на Инфективна клиника кои патувале во Италија, а дошле задрви пред 5-6 дена. Осум лица од Дбеар, соседи на тројцата хоспитализирани од пред неколку дена, имале интензивни контакти со пациентите, живеат во куќа лепенка. Двајца пациенти, еден во Штип, пациент со знаци на грип од Кочани кој патувал во Италија и еден пациент во Центарот за јавно здравје од Прилеп“, истакна Филипче.

Тој посочи дека треба да се избегнат лажните вести поради тоа што се прави непотребна паника кај граѓаните. Минситерот посочи дека интензивно и без прекин се работи за заштита на задравјето на граѓаните.