Седумте пациенти со коронавирус се во добра состојба, првата пациентка ќе биде пуштена на домашно лекување

од Aleksandar Todeski
279 прегледи

Седумте пациенти на Инфективната клиника се во добра состојба и немаат потреба од механичка вентилација, рече министерот за здравство, Венко Филипче, кој посочи дека сите се со стабилна, лесна клиничка слика. Бидејќи контролниот тест на првата пациентка е негативен, таа наскоро ќе биде пуштена на домашно лекување.

Фото: Борче Поповски

„Тестови има доволно, но ќе ја надополниме количината, а истото важи и за другата опрема која треба да се доопреми Инфективно, рентген апарати и респираторни машини. Капацитетот на Инфективната клиника сега за сега е доволно, има план кој дел од спратовите би се трансформирале во одделение за  изолација ако се зголеми потребата. Приватните болести немаат инфективни одделенија“, рече Филипче.

Министерот посочи дека сите што комуницирале со директорката на Кожно, Нина Цаца Билјановска, се во одлична состојба, се следат и немаат никакви симптоми, а доколку имаат некакви знаци на болест, ќе бидат тестирани.

Слични содржини