Мерките против коронавирусот го испразнија Скопје (ГАЛЕРИЈА)

од Берта Китинска
252 прегледи

Мерките против коронавирусот го испразнија Скопје.

Екипата на Локално денеска забележа намален интензитет на сообраќајот, како и намалена фреквенција на движење низ скопските булевари. Плоштадот Македонија и Градскиот трговски центар (ГТЦ) низ кои има раздвиженост денеска се со намален интензитет.

Владата забранува настани на отворен и затворен простор над 1.000 лица на територијата на цела држава во следните 14 дена, а се препорачува да се откажат и да не се организираат настаните со број учесници помал од оваа бројка.

Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во период од следните 30 дена. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризичните подрачја во период од 14 дена.

Владата апелира возрасните и хронично болни да го избегнуваат јавниот превоз и да не се патува во земјите од висок ризик. Се забранува и организиран автобуски превоз до Италија, Германија и Франција.

Фото: Борче Поповски