Од тетовската касарна попладнево заминаа 50-тина припадници на Армијата кон општините Дебар и Центар Жупа. Пред тргнувањето нив ги посети министерката за одбрана Радмила Шекеринска која го посети и оперативниот центар во касарната кој ќе раководи со ангажманот на Армијата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
„По координацијата на МВР и Армијата од тука заминуваат околу 50-тина војници и офицери, како и еден дел од Армијатра кои се веќе во Дебар ќе бидат ангажаирнаи по потреба. Главниот фокус е во моментот контрола на граничната линија. Полицијата обезбедува контрола на главните правци кон и од Дебар, го ограничува транспортот. Целта ни е да се ограничи целосно влезот и излезот во овие две општини за да се спречи ширење на вирусот, а главна задача на Армијата е конторла на граничните линии“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
До ангажирањето на Армијата дојде по иницијативата на Владата која претседателот Стево Пендаровски ја одобри.
„Веќе е од денеска Армијата е подготовена да се стави во поддршка на цивилните власти и на МВР. Ова е втората екипа која заминува за Дебар. Во изминатиов период во и надвор од државата сметаа дека не треба брзо да се влечат потези и дека не треба да се биде радикален. Ние како Влада имавме различен став, сметавме дека клучот во ваквите ситуации е во брзите реакции и понекогаш носевме прилично рестриктивни одлуки. Се покажа дека тоа било добро и се покажа дека заради тоа успевма досега бројка да не екскалира дрматично. Како Влада ќе продолжиме да носиме одлуки кои на прво место ќе го стават здравјето на граѓаните“, рече Шекеринска.
Таа порача дека кризата може да се совлада само ако сите се придржуваат до мерките и препораките.
„Само ако сите направиме максимум. Повикот е да се вложиме сите во оваа акција. Заедно можеме да го победиме коронавирусот ако се почитуваат препораките“, истакна Шекеринска.