Седум нови лица се тестираат од корона вирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, лицата се од Куманово, Штип, Тетово, Охрид и Кичево, додавајќи дека сите престојувале во Швајцарија, Германија и Австрија.
“Остаатите пациенти, меѓу кој и 15-годишното момче се во стабилна состојба. Лицата кој се тестираат се од Штип, Куманово и Тетово кои претходно биле во Швајацарија и Германија. Имаат висока температура и се во изолација. До сега на располагање имаме околу 120 респираторни апарати“, рече министерот Филипче.
Тој посочи дека во Дебар и Центар Жупа, безбедносната состојба во изминатото деноноќие беше стабилна и дека во текот на ноќта, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти.