178
Околу осумдесет лица во Дебар и Центар Жупа ќе се тестираат дали се носители на коронавирусот, за детално да се скенира тој регион.
Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција во владата кажа дека со ова, во регионот во кој е прогласена кризна состојба се скенираат и лицата кои не дале информација дека биле во конткат со лица вратени од странство, а кои имаат симптоми на грип, додавајќи дека се во континуирана комуникација сме со клиниката во Дебар.
„Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро, нема проблем, луѓето разбираат што се случува, се придржуваат до мерките, нема никаков проблем и покажуваат исклучително висок степен на дисциплина“, рече Филипче.