Црна Гора и натаму одолева на коронавирусот

од Aleksandar Petrovski
424 прегледи

Не се потврдени случаи на коронавирус во Црна Гора, пренесува Телевизија Црна Гора од Институтот за јавно здравје.

Директорот на Институтот, Бобан Мугоша, потврди дека сите тестирани досега биле негативни.

Во моментов има 1.068 лица под медицински надзор кои биле во регионите со широко распространето пренесување на вирусот.

Во лабораториите на Институтот за јавно здравје биле тестирани 88 лица кои ги исполниле елементите за дефинирање на осомничен случај КОВИД-19.

Резултатите од сите лабораториски анализи се негативни, пренесува РТЦГ.

Слични содржини