ГЛАЕРИЈА: Без Тачи и Ахмети, лидерите договараат нов датум за избори

од Aleksandar Todeski
316 прегледи

Без присуството на Али Ахмети и Мендух Тачи, тече лидерската средба во претседателската Вила Водно на која се бара правна можност изборите закажани на 12 април да бидат одложени.

Лидерите на ДУИ и ДПА иако поканети, испратија свои претставници, Бујар Османи, како претставник на ДУИ и Орхан Ибрахими од партијата на Тачи.

На лидерската средба се бара датум на кој би се одржале изборите, за кој како што веќе пишавме, најверојатно би бил на средината на септември, односно 13. или 20. степември.

Освен датум, се бара и можност Собранието да биде свикано, бидејќи Уставот и Деловникот на Собранието не предвидуваат што би се случило во ваква ситуација.

 

Слични содржини