410
Италија, за жал, поради ситуацијата со коронавирусот е под целосен карантин и на територија на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Но, очигледно и на природата ѝ било потребно закрепнување од човечкиот фактор. На интернет се појавија многубројни фотографии од кристално чистите канали во Венеција, каде може да се видат и рибите, а лебедите исто така се вратиле.
https://twitter.com/Cosodelirante/status/1239203236927680512
Додека пред неколку дена улиците беа празни, сега во некои гратчиња може да се забележат диви свињи. Нивото на загадување е драстично опаднато.
„Природата може да се излечи самата ако ѝ дадеме шанса“, коментираат луѓето од Италија.
https://www.facebook.com/mikkicatt/posts/3683963704979279