Како што деновите поминуваат, ситуацијата со коронавирусот станува посериозна.
Социјалниот живот паѓа во втор план, а во прв доаѓа грижата за сопственото и здравјето на домашните.
Експертите препорачуваат дека најсигурно е да се избегнуваат големи собири, а бидејќи концертите, излегувањата во клубовите и кино не се препорачливи, составивме листа на филмови и сереии што можете да ги гледате додека сте во самоизолација.
Contagion (2011)
Филмовите за катастрофи во глобала се trash филмови кои се интересни токму поради тоа. Меѓутоа, овој филм е се освен trash. Ова е ултрареалистичен филм за тоа што би можело да се случи во случај на пандемија со смртоносен вирус. Доколку барате пригоден хорор, Contagion е дефинитивно идеално решение за овој период во карантин.
Children of Man (2006)
Филмот на Алфонсо Куарона е актуелен поради две причини. Од една страна тоа е приказна за последиците од вирус предизвикан од 18-годишна неплодност низ светот, а од друга страна е приказна за бегалска криза и нивниот брутален третман. Се разбира, првично го гледи Тео Фарон, циничен поранешен активист кој врти нов лист откако детето му умира за време на пандемијата од грипот и младата бегалка Ки која е последната бремена жена на светот и воедно потенцијален лек за спас на човештвото.
The Train to Busan (2016)
Можевме да избереме било кој од зомби класиците, но се одлучивме за овој феноменален јужнокорејси филм за преоптоварен менаџер кој заедно со својата ќерка останува заробен во воз среде пандемија која, луѓето ги претвора во зомби.
The Stand (1994)
Направена според Стивен Кинг, оваа мини серија започнува како класична приказна за пандемија од епски размери, но набру оди во друга насока и се претвора во класична лудорија на Кинг препона со надреалистични елементи. Но, доколку сте расположени за малку неоптеретувачка забава, ова е сосем солиден начин да потрошите четири часа.
Outbreak (1995)
Овој хит од деведесетите покажува борба притив вирус вирус налик еболата на холивудски и мелодраматичен начин, но потсетува и раскажува за злите владини сили и биолошко оружје кое е надвор од контрола. Малку паника, малку теории на заговор, љубовна приказна и имате хит.
Carriers (2009)
Иако постојат далеку подобри филмови за постапокалипса и група на луѓе кои се обидуваат да најдат начин за излез по глобална пандемија, Carriers е еден од филмовите кој може да го гледате за да го избришете од листата на филмови кои не сте ги погледнале.
Cargo (2018)
Уште еден преспиен филм за зомбиња, а овој пат го следи семејството кое се обидува да преживее некаде во Австралија, во светот каде владее вирус кој ги претвора луѓето, се разбира, во зомби.
The Andromeda Strain (1971)
Овој сајфај трилер по истоимената книга на Мајкл Криктон ја следи групата научници во борба против заразата од вонземско потекло. Иако станува збор за сајфај, експертите го сметаат за одличен пример на филм кој на точен начин прикажува појавување на смртоносен агенс, влијание и начин да се стави под контрола.
Pandemic: How to Prevent an Outbreak (2020)
Документарна серија за често занемарените јунаци кои се наоѓаат на првата борбена линија во борба против групот, а воедно и начин да дознаете се за нивните настојувања да ги запрат или барем да ја стават под контрола следната пандемија.
Variola Vera (1982)
Оваа листа не би била комплетна без домашен допринос. Филмот на Горан Марковиќ инспириран од реалната епидемија на големи сипаници која го погоди Белград. Добар приказ за тоа како со ситуацијата се носат балканските бирократи.