Во авионот кој слета од Брисел се постави индикација за тестирање на 12 лица. Сите тестови се негативни и сите патници се во задолжителна самоизолација, посочи министерот Венко Филипче.
„Преку Деве Баир ситгна група од 10 луѓе кои се сместени во Пепелиште. Прегледани се од епидемиолог и вчера и утрово, па согласно одлуката, ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија. Имаше реакции дека условите се лоши, па веднаш преземавме мерки за нивно префлрање, се надевам дека ќе имаат разбирање“, рече Филипче.
Во однос на залихите на крв и крвни деривати, тој истакна дека се сосема доволни.
„Има доволна количина, исто како овој период минатата година. Со цел да се превенира евентуален недостаток, беше причина да се воведе мерка за одложување на интевенциите кои не се итни“, кажа министерот.