До сега се направени 258 тестови за коронавирус

од Aleksandar Todeski
131 прегледи

Во референтните лаборатории се направени 258 тестови за детектирање на коронавирус, а сите резултати се трансферитаат до Владата, кажа директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети.

Тој нагласи дека во моментов има доволно реагенси, но и дека ќе ги има во иднина, па затоа нема потреба од грижа кај граѓаните.

Министерот Венко Филипче претходно на прес конференција апелираше тестовите да се прават само во референтните лаборатории, бидејќи доколку се направат во приватните клиники, ќе треба да се повтори тестот, како што беше случајот со тројцата тестирани во Жан Митрев.

Слични содржини