Во болницата „8 септември“ ќе се лечат лица со коронавирус, кои имаат потреба од други интервенции

од Aleksandar Todeski
372 прегледи

Дел од болницата „8 септември“ станува центар во кој ќе се лечат лица кои имаат коронавирус или пак се сомнителни на вирусот, а имаат потреба од друга интервенција, посочи министерот за здравство, Венко Филипче.

„Со оглед на тоа што се изнудува друг тип на лекарска интервенција на пациенти сомнителни или имаат коронавирус, а со цел да се зачуваат останатите капацитети, направивме план за лекување и во болницата „8 септември“. Таму направивме посета со посебна комисија. Се утврди патот на текот на движење на заболените, делови за изолација, приемните амбуланти, посебна операциона сала, ангеографска сала, кабиент за ехо и посебен оддел со 22 кревети и две респираторни машини. Со оваа работа, ги обезбедуваме сите пациенти, дијагностицирани или сомнителни за коронавирус, а имаат потреба од интервенција, да бидат препратени во „8 септември“, со цел да не шетаат по другите болници“, рече Филипче.

Министерот истакна  дека се работи за посебни пунктови во рамките на Здравствениот дом, но за тоа повеќе информации ќе даде во наредните два дена.

Слични содржини