Чулев ја потпишал Уредбата за продолжување на важноста на личните документи

од Aleksandar Todeski
559 прегледи

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ја потпишал Уредбата со кој се продолжува рокот на важење на личните карти, возачките дозволи и пасошите, дознава „Локално“.

Потпишувањето следи откако „Локално“ излезе со информацијата дека иако дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска и вчера и утрово на координација го побарала тоа од него, тој не го ставил својот потпис на Уредбата.

Чулев во изјава за „Локално“ рече дека вчера бил на владина седница кога стигнале за потпишување Уредбите, додека пак утрово после координацијата бил на настан. Тој кажа дека на следната владина седница, истите ќе бидат доставени.

Владината седница на која ќе се гласаат Уредбите на МВР се одржува денеска, со почеток од 16:30 часот, а на која освен овие Уредби, ќе се разгледува и барањето на минситерот за здравство, Венко Филипче.

Александар Тодески

Слични содржини