Од вечерва во земјава на сила стапува полицискиот час. Забрането е движењето на граѓаните од 21 до 06 часот секој ден.
Центарот на Скопје вечерва е празен, а на улиците може да се забележат само новинарски екипи и припадници на полицијата.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски вечерва порача граѓаните максимално да ги почитуваат мерките и ограничувањата за движење, не само за време на полицискиот час, туку и преку ден.
Тој апелираше да не се излегува надвор без нужна потреба.
Инаку полицискиот час нема да важи за МВР, армијата, пожарната и лица кои работат во Комунална хигиена.
Нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, животно-загрозувачка состојба, лица кои одат на дијализа исклучиво во придружба на најмногу две лица.
Новинарите и медиумските работници, исто така, ќе бидат едни од исклучоците од полицискиот час.
Фото: Борче Поповски