Ројтерс: Неделава ЕУ ќе започне преговори со Северна Македонија и Албанија

од Берта Китинска
177 прегледи

Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на свои извори пишува дека во последниот нацрт заклучок се носи едногласна одлука за почеток на преговорите за членство со Скопје и Тирана, јавува дописничката на МИА од Брисел.

– ЕУ ќе започне пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, според нацрт едногласна одлука на 27-те земји членки и треба да биде финализирана оваа недела, пишува Ројтерс.

Како што јави МИА минатата недела, последниот состанок на амбасадорско ниво донело позитивни резултати, но остануваше еден нерешен спор помеѓу Грција и Албанија.
Дипломатите во Брисел се оптимисти дека овој спор може да се надмине и дека во текот на оваа недела ќе може да се донесе позитивна одлука, иако никој не сака да брза со заклучоци сѐ додека не е официјализирана одлуката.

Остануваат и процедурални непознати како форматот на состанокот на министрите за надворешни работи утре во Брисел и процесот на одобрување на одлуката, без физичко присуство на министрите, доколку, се разбира таа одлука биде позитивна.