Донација од 20.000 маски за Армијата од компанијата „Milaya Capital LTD”

од Берта Китинска
181 прегледи

Донација од 20 илјади маски доби Армијата од компанијата „ Milaya Capital LTD”.

– Благодариме за гестот, во овие тешки времиња, секоја дополнителна заштита за припадниците на Армијата кои се во служба на заштитата на безбедноста и здравјето на граѓаните, е добредојдена!, пишува на Фејсбук профилот на Министерството за одбрана.

Турскиот бизнисмен Јашар Ајавефе кој е сопственик на компанијата „ Milaya Capital LTD” најави дека ќе продолжи да донира во земјава со цел таа полесно да се справи во борбата против Ковид 19. Овој вирус, вели Ајавефе, е голем предизвик за човештвото и не засега сите.

Слични содржини